За нас

Aveo Outerwearo

Aveo е македонски бренд создаден со идеја да понуди машки outerwear модели со чист изглед, добра структура и лесно секојдневно носење.

Сите модели се наше производство. Од изборот на материјали, до кројот, деталите и финалниот изглед, секое парче е внимателно изработено за да стои добро, да биде удобно и да изгледа уредно во секојдневни комбинации.

Во изработката користиме внимателно избрани материјали, со фокус на чувство при носење, структура и долготраен изглед. Кај одредени модели се користат италијански материјали, квалитетни полнења и детали како YKK патенти, со цел јакната или елекот да изгледа чисто, но и да функционира добро во реално носење.

Нашиот фокус е на елеци и јакни со смирен дизајн, без непотребни детали и без гласен изглед. Парчиња што лесно се комбинираат со маица, џемпер, кошула, фармерки или clean панталони.

Моделите се создадени за преодна сезона, студени денови и секојдневни комбинации. Практични се за град, патување, работа или секојдневно движење, без да изгледаат премногу формално или премногу обично.

Aveo не се води од брзи трендови. Идејата е едноставна: outerwear што изгледа добро денес, но нема да изгледа застарено утре.

Нашиот пристап

  • Наше производство.
  • Чисти линии.
  • Удобна структура.
  • Внимателно избрани материјали.
  • Италијански материјали кај одредени модели.
  • Квалитетни детали за секојдневно носење.

Сите достапни модели се во ограничени количини, со бесплатна достава низ Македонија.

Aveo е за изглед што не бара внимание, но сепак се забележува.